јун
27

SKOPJE UPPERGROUND FESTIVAL Претстојни настани

  • 27.06.2026
  • 12 часа
  • Sredno Vodno - Skopje
Опис

SKOPJE повторно добива ново музичко искуство кое ги руши границите помеѓу урбаната и прогресивна музика. Во Сабота, 27 јуни 2026, на уникатната локација Паркинг Средно Водно – Скопје, со почеток од 18:00 часот, ќе се одржи првото издание на SKOPJE UPPERGROUND FESTIVAL – 12 часовен музички спектакл под отворено небо.

Фестивалот носи внимателно избрана програма која спојува различни музички светови и генерации, создавајќи едно целосно ново фестивалско доживување за македонската публика.

На сцената пристигнува еден од најкултните и најпрепознатливи балкански хип-хоп состави – PRTI BEE GEE, бенд кој со години гради огромна база на фанови низ целиот регион и важи за еден од најавтентичните урбани музички проекти.

Хип-хоп атмосферата дополнително ќе ја загреат едни од најдобрите македонски хип-хоп диџеи — Goce SAF и Chvare.

Во вториот дел од вечерта, фестивалот преминува во техно димензија со настап на светски познатата техно сила BIIA — диџејка која настапува на најголемите фестивали и клубови низ светот и важи за едно од најактуелните имиња на глобалната техно сцена.

На програмата се приклучува и BERLIN BASED диџејка и label owner LOREN, која носи специфичен звук инспириран од современата берлинска електронска култура.

Македонската сцена ќе ја претстави и една од најталентираните домашни техно диџејки – DIAH.

12 часа музика. Една сцена. Една енергија. Едно ново фестивалско искуство за Скопје.

Влезниците се веќе пуштени во продажба:
www.vleznica.mk

SKOPJE UPPERGROUND FESTIVAL
Сабота, 27 јуни 2026
Паркинг Средно Водно – Скопје
Старт: 18:00

Политика на враќање

За да присуствувате потребно е да имате однапред спремен билет. Доколку имате купено билет онлајн Ве молиме да го испринтате. Забрането е внесување на: ранци и големи торби, стакло и опасни предмети, пиротехника и запалливи средства, парфеми, дезодоранси и сл. храна, пијалоци и забранети супстанци. Рефундација на влезници е возможна само доколку настанот е откажан.

Локација

Поврзани настани